понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Трка со времето за да се спасат тајландските деца и нивниот тренер

ВИДЕО: Трка со времето за да се спасат тајландските деца и нивниот тренер

Кај 12-те деца и нивниот тренер кои се најдени по девет дена потрага во пештера во Тајланд стигнаа доктори. Специјалците се тркаат со времето како да ги извлечат.

Тајландските морнарички фоки соопштија дека сите 13 членови на младиот фудбалски тим, кои се заглавени во пештера на северот на Тајлад се здрави. Седум членови на морнаричките фоки, меѓу кои има и доктори и медицинска сестра, им се придружија на децата и нивниот тренер во пештерата во која тие побараа засолниште поради поплавите.

Командантот на специјалците изјави дека спасувањето пештерата е една од неколку опции кои се разгледуваат, како и оти нема потреба таа акција да се брза бидејќи децата и нивниот тренер се безбедни во пештерата.

Британски Скај њуз пренесува дека младите фудбалери веројатно влегле во пештерата и порак забраната за влегување за време на дождовната сезона.

Британскиот спасувач Бен Рејменантис за британските медиуми објаснува дека децата и нивниот тренер влегле внатре и се обиделе да дојдат до крајот на тунелот, во некој вид иницијација за локалните деца, која подразбира да се потпишат на ѕидот на крајот на тунелот и потоа да се вратат назад.

 

Спасувачките служби се обидуваат да ја испумпаат водата од поплавената пештера Там Луанг Нанг Нон, но се во големи проблеми поради времето, зашто иако монсунските дождови во моментот запреа, метеоролозите прогнозираат дека наскоро ќе продолжат, што значи дека нивото на водата повторно ќе се подигне и оти децата и нивниот тренер можеби ќе мора да остане под земја уште четири месеци додека сезоната на монсуните не заврши.

Алтернативата е тие да нуркаат четири километри долг пат од комората каде што се засолнети од водата до влезот на пештерата, при што спасувачите би ги воделе и бим дале нуркачка опрема.

Меѓутоа таа опција е многу опасна од две причини, прво е тоа што децата воопшто не знаат да пливаат, ниту да нуркаат, поради што постои ризик да се удават, а втората е што тој пат многу тесен, мрачен и поплавените пештерски патеки се тешки за поминување, дури и за професионалните нуркачи.

Опција е и да бидат извлечени во фази, во зависност од нивната здравствена состојба. Секој ден да биде направена проценка на подготвеност на децата и ако има каков било ризик, операцијата нема да биде спроведена, пренесува АП.

Во меѓувреме, на децата и тренерот им се доставени енергетски гелови кои би издржале додека не се направи план за нивно безбедно извлекување, а во моментот во тек се работи на тоа да се воведе оптички интернет кабе, кој, откако ќе биде инсталирам ќе им овозможи телефонска врска.

Властите вчера се обидоа да воведат оптички кабел, но тоа не успеа, зашто опремата се оштетила од водата.