вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Турски пратеник со чекан си го кршеше телефонот среде седница

ВИДЕО: Турски пратеник со чекан си го кршеше телефонот среде седница

Пратеник во Турција си го кршеше мобилниот телефон со чекан додека зборувал во парламентот.

Бурак Ербај, кој е член на опозициската Републиканска народна партија, протестираше против предложениот нацрт-закон поддржан од владата, кој има за цел да се бори против „дезинформациите“ на интернетот.

Според оваа легислатива, социјалните мрежи и интернет-страниците ќе треба да објават детали за корисниците осомничени за „пропагирање на погрешни информации“ и може да резултира со затворска казна до три години на обвинетиот.