Властите во САД запленија речиси еден тон кокаин испратен во Њујорк од Порторико. Ова е најголемата пратка запленета во областа во повеќе од 10 години, соопштија властите.
Специјалниот агент Реј Донован од американската Администрација за борба против наркотици (ДЕА) изјави дека во последната година е забележан пораст од 150 отсто на пратките запленети во областа.
Запленетите 920 килограми кокаин, на улица би можеле да вредат меѓу 37 и 370 милиони долари, во зависност од нивото на трговија, изјави извор запознаен со темата. Во случајот обвинети се три лица. Властите ја пронајдоа дрогата во големи метални градинарски алатки што се превезувале во изнајмено комбе. Возилото тргнало од карго пристаниште во Њу Џерси, а според документацијата, ролерите биле натоварени во Порторико и испратени на адреса во Бронкс.