На социјалните мрежи се шири видеото од украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена, направено на Денот на вљубените, 14 февруари.
Снимката е направена два дена пред 16 февруари, датум за кој американските разузнавачи предупредија дека може да биде денот кога ќе започне руската инвазија. Инвазијата на крајот започна на 24 февруари.
„Заедно сме, дома сме, во Украина сме“, вели Зеленски во видеото на кое позира прегрнат со сопругата додека таа во рацете држи букет цвеќе.
Олена им се обрати и на Украинците.
„Се сакаме и ја сакаме Украина“, изјави таа.
Видеото деновиве повторно се шири на интернет и предизвикува бројни коментари.
„Овој човек е прекрасен“, „Тој е и романтичен“, „Бог да го благослови него и неговото семејство, кој би можел да знае што ќе се
случи десет дена подоцна“, се дел од коментарите.
Сепак, некои ја искористија снимката за да ги критикуваат потезите на украинскиот претседател.
„Ги уверуваше луѓето дека се ќе биде во ред и ги доведе во ситуацијата во која се сега“, „Се однесува како тинејџер во клучна
ситуација, еве што се случи сега“, се жалат некои.