понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Зеленски со солзи во очите откри кога последен пат си го видел семејството!

ВИДЕО: Зеленски со солзи во очите откри кога последен пат си го видел семејството!

Украинскиот претседател Володмир Зеленски во изјава за медиумите истакна дека не е можно да не стравуваш за сопствениот живот и животот на своите деца, но како претседател на тоа „нема право“.

Зеленски од страна на новинарите беше запрашан за семејството и приватниот живот, при што беше видно емотивен. На прашањето кога последен пат се видел со сопругата и децата, тој со насолзени очи призна дека единствено на што можи да се фокусира, од почетокот на руската инвазија, е работата и понекогаш малку спиење.

-Непријателот ме обележа како мета број 1, а моето семејство број 2, притоа откривајќи дека добил понуда од америка за негова евакуација и евакуација на неговото смејство и додаде дека преку ноќ спие само по три часа.

-Можете ли да го видите семејството? го зараша новинар, а Зеленски со солзи во очите одговорил дека неможе. Неговата сопруга со децата се наоѓат на тајна локација во Украина, а на прашањето на новинарот кога последен пат ги видел, рекол дека последен пат се виделе пред почетокот на војната. Потоа се поправи и рече дека се виделе пред три дена, пренесуват светските медиуми.

-ЈАс сум човек како и сите други, доколку една личност не стравува за својот живот и животот на своите деца, тогаш со таа личност нешто не е во ред, рекол зеленски на новинарско прашање дали стравува за својот живот во оваа војна. Снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Инаку, претходно се појави видео од Зеленски и неговата сопруга Олена од Св. Валентин од ова година.

Снимката се појави два дена пред 16. февруари, датум за кој што американците предупредува како можен датум за почеток на инвазијата. Инвазијата на започна на 24. февруари.

-Заедно сме, дома сме, во Украина сме, рече тогаш Зеленски на снимката на која позираше со својата сопруга, додека таа во рацете држеше букет цвеќе.