среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Железничка несреќа во Египет, најмалку 11 загинати и 98 повредени

ВИДЕО: Железничка несреќа во Египет, најмалку 11 загинати и 98 повредени

Најмалку 11 лица загинаа во железничка несреќа која се случи во египетската провинција Калиобијa, северно од Каиро.

Египетските власти соопштија дека во несреќата повредени се и најмалку 98 лица.

Министерството за здравство соопштило дека на местото на несреќата биле испратени 60 возила на брза помош, а повредените се пренесени во блиските болници.

Според железничките власти несреќата се случила која најмалку четири вагони излегле од шините. Се утврдуваат причините за несреќата.