четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Видеоконференција на лидерите на Г20 во четврток поради коронавирусот

Видеоконференција на лидерите на Г20 во четврток поради коронавирусот

Лидерите на дваесетте најголеми светски економии (Г20) во четврток ќе одржат видеоконференција за пандемијата на коронавирусот, објавија западните медиуми.

Министрите за финансии од Г20 и централните банкари вчера на видеоконференција се договорија да усвојат „акционен план“ за Ковид-19.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува кризата со коронавирусот да предизвика глобална рецесија.

Вонредниот самит на лидерите ќе ја компликува војната околу цената на нафтата меѓу Саудиска Арабија и Русија и зголемените на тензии меѓу САД и Кина во врска со изворот на новиот вирус со кој се заразени над 380.000 луѓе, а починати повеќе од 16.500.

Генералната директоркна на ММФ, Кристалина Георгиева ги поздравува фискалните и монетарните мерки преземени од некои земји, но смета дека тоа не е доволно.

Агата Демараис од компанијата „Економист Интелигенс“ истакна дека имајќи ги предвид ограничувањата на монетарната политика, членките на Г20 можат да го поттикнат растот единствено со фискален стимул, но и тоа е дискутабилно.