понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Викал „Алаху Акбар“ и бодел луѓе со нож: Најмалку тројца повредени во Манчестер (ВИДЕО)

Викал „Алаху Акбар“ и бодел луѓе со нож: Најмалку тројца повредени во Манчестер (ВИДЕО)

Најмалку тројца луѓе се повредени и пренесени во болница, откако маж ги избоде на сред улица во Манчестер, пренесуваат британските медиуми.

Како што изјавиле очевидци, луѓе бегале и вриштеле додека напаѓачот ги бодел со нож.

Повредените се маж и жена на околу 50 годишна возраст и еден полицаец. Нивните повреди се опишани како сериозни, но не опасни по живот.

Напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ додека полицијата го приведувала. Нападот се случил на станицата Викторија во Манчестер.