Унгарскиот премиер, Виктор Орбан порача дека добивањето на сектор во Европската Комисија којшто се однесува на проширувањето и соседската политика, претставува најголем дипломатски успех на земјата во последните десет години.
Додаде дека Унгарија во последните години никогаш не успеала да постигне слично влијание во Европската Унија.
Тој истакна дека многумина се труделе да ја спречат Унгарија да ја добие таа функција, како и оти опозицијата во Брисел се обидела да спречи Оливер Вархелји да биде избран.