среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Висок севернокорејски претставник во посета на Пекинг

Висок севернокорејски претставник во посета на Пекинг

Висок претставник на властите на Северна Кореја денеска допатува во кинескиот главен град Пекинг.

Како што јави јапонската телевиција Ен-Ејч-Кеј, севернокорејската делегација пристигнала на меѓународниот аеродром во Пекинг, каде во тоа време значително биле засилени безбедносните мерки. На аеродромот пристигнал и севернокорејскиот амбасадор во Кина.

Изминативе месеци дојде до интензивирање на дијалогот меѓу Пекинг и Пјонгјанг, во услови на подобрување на односите меѓу двете Кореи и најавената средба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп.

Кон крајот на март Ким со воз допатува во Пекинг, каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, што беше негова прва посета во странство по преземањето на должноста во 2011 година.

На почетокот на месецов, Ким по вторпат ја посети Кина и одново имаше средба со Си.

МИА