Во Велика Британија е прогласена вонредна состојба откако за прв пат беше издадено црвено предупредување за екстремни горештини, бидејќи температурите може да достигнат и 40 степени Целзиусови.
Предупредувањето од Мет офис за понеделник и вторник ги вклучува Лондон, Манчестер и Јорк, објави Би-Би-Си. Тоа значи дека постои ризик по животот, а дневните рутини ќе мора да се сменат.
Ќе има ограничувања на брзината на железничките линии, некои училишта ќе се затворат предвреме, а некои посети на лекари ќе бидат откажани.
Ќе се посипува песок по патиштата за да се намали топењето на асфалтот, а службата за помош на пат предупреди дека на повеќе возачи ќе им биде потребна помош поради прегревање на нивните автомобили.
Метеоролошката агенција издаде предупредување за највисоко ниво четири и додаде дека болест и смрт може да има дури и кај здрави луѓе.
Ова е прв пат црвено предупредување за висока температура да биде издадено за делови од Обединетето кралство, иако систем за предупредување за екстремна температура не беше воведен дури во 2021 година.