Владата на Хондурас по вторпат ја продолжи вонредната состојба прогласена во име на борбата против криминалните банди.
Мерката, што стапи на сила на 6 декември како дел од стратегијата на левичарскиот претседател Ксиомара Кастро за борба против криминалот, суспендираше некои уставни права и им дозволи на безбедносните сили да приведат луѓе за кои веруваат дека се поврзани со криминални активности или дека извршиле злосторства.
Вонредната состојба е продолжена за 45 дена. Дополнително, беше проширен и територијалниот опфат на мерката, и отсега ќе важи во вкупно 123 општини. Првично, таа беше во сила само во двата најголеми града на Хондурас.
„Суспендирањето на правата ги опфати и општините каде што, според аналитичарите, криминалните банди мигрирале за да избегаат од полицијата и државата“, рече началникот на полицијата Густаво Санчез на прес-конференција.
Помеѓу 6 декември и 20 февруари имало 356 убиства помалку отколку во истиот период пред една година, нагласи Санчез. (МИА)