четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владејачките социјалдемократи победија на изборите во Шведска

Владејачките социјалдемократи победија на изборите во Шведска

Шведската вкладејачка Социјалдемократска работничка партија победи на вчерашните парлементарни избори во Шведска, но заедно со нејзините коалициски партнери – социјалистичката Лева партија и еколошката Зелена партија, не успеа да обезбеди мнозинство во новиот Парламент.

Според се уште неофицијалните изборни резултати, социјалдемократите освоија 28,4 отсто од гласовите и 101 место во 349-члениот шведски Риксдаг, пред конзервативната Умерена партија со 19,8 проценти и освоени 70 мандати.

Најголем успех во однос на претходните избори оствари десно популистичката партија Шведски демократи со 17,6 отсто од гласовите и 62 пратеници, со што во услови кога ниту еден блок не обезбеди мнозинство во Парламнтот, може да игра клучна улога во формирањето на идната Влада.

Места во Парламентот обезбедија уште и Партијата на центарот, која ќе има 31 пратеник, Левата партија со 28 мандати, Христијанските демократи со 23, партијата Либерали со 19 и Зелената партија со 15 пратеници.

На овој начин коалицијата на социјалдемократите озвои 144 пратеници, а блокот на конзервативците, центристите, демохристијаните и либералите 143 мандати. За мнозинство во Парламентот се потребни најмалку 175 пратеници.

По објавувањето на првичните избори резултатите, првиот човек на Умерената партија, Улф Кристершон го повика премиерот и лидер на социјалдемократите Стефан Ловен да поднесе оставка.

– Неговата Влада беше до тука. Сега тој треба да поднесе оставка, порача Кристершон.

Ловен од своја страна изјави дека ќе остане на премиерската функција и во следните неколку недели и повика на соработка меѓу политичките партии.

– Имаме две недели до конститутивната седноца на новиот Парламент. Ќе продолжам да работам како премиер со почитување кон избирачите и шведскиот изборен систем, изтакна Ловен во обраќање пред неговите поддржувачи.

МИА