вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Влева страв во коски и кај најискусните возачи: Ова е најопасниот пат на светот, оправдано наречен “патот на смртта“ (ФОТО)

Влева страв во коски и кај најискусните возачи: Ова е најопасниот пат на светот, оправдано наречен “патот на смртта“ (ФОТО)

Јунгас Роуд, односно “Death Road” го добил името по бројот на луѓе кои на него го изгубиле животот. Настанал откако парагвајските затвореници ископале пат во самата планина Кордиљера Ориентал, во текот на војната за Чако.

Окружен со планини, патот се простира на 65 километри од Ла Паза до Короика, така спојувајќи ја провинцијата во срцето на Амазонија со главниот град.

Од Ла Паза, патот на смртта се искачува до 4,650 метри пред од Ла Кумбре па почнува постепено да се спушта на 1.200 метри надморска висина во градот Короико.

Уште од 50-тите овој пат е единственото нешто што ги спојува Ла Паза и регионот Јунгас. Верувале или не, не било воопшто необично да видите автобуси полни со луѓе или камиони полни со товар како минуваат и како се заобиколуваат на само три метри ширина и тоа навечер.

Комбинацијата од една лента, карпи високи и до 900 метри, врнежливи услови, ограничена видливост, одрони и невнимание на возачите, резултирала со смрт на повеќе од 100 луѓе.

Поради тоа не е необично што денес покрај овој пат насекаде има верски обележја и свеќи во сеќавање на загинатите.

По речиси 20 години тешка работа, патот на смртта е модернизиран и има две ленти, асфалтиран е и има ограда. Уште во 2009-та година бил изграден и алтернативен пат кој го заменил, па сообраќајот се поместил од патот на смртта.

И покрај тоа, Јунгас Роуд не покажува милост, бидејќи иако повеќе не ги зема животите на возачите, тој ги зема животите на туристите и велосипедистите. Повеќе од 22 велосипедисти ги загубиле своите животи тука од 199-ма година.