вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Влошена здравствената состојба на Алексеј Навални – префрлен во затворската болница, се огласи и неговиот адвокат!

Влошена здравствената состојба на Алексеј Навални – префрлен во затворската болница, се огласи и неговиот адвокат!

Официјални лица од рускиот затвор каде што Алексеј Навални издржува казна од две и пол години соопштија дека опозицискиот лидер, кој штрајкува со глад веќе три недели, е пренесен во затворската болница.

– Во моментот, состојбата на Навални се проценува како задоволителна, лекарите секој ден го прегледуваат, се вели во писмената изјава од сојузниот затвор каде се наоѓа Навални (44) и се додава:
„Пациентот се согласи на витаминска терапија“.

Алексеј Липстер, адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави денеска дека здравствената состојба на неговиот клиент, кој штрајкува со глад од 31 март, се влошува и предупреди дека ситуацијата „се влошува“.

Тој додаде дека чекал во затворскиот круг надлежните затворски органи да му одобрат да се види со неговиот клиент.