сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во 2020 година најголем пад на БДП на Британија во последните 300 години

Во 2020 година најголем пад на БДП на Британија во последните 300 години

Велика Британија во 2020 година забележа најголем економски пад во последните 300 години, соочена со последиците од пандемијата на Ковид-19, а падот на активноста беше многу поголем отколку во другите водечки светски економии, покажуваат ажурираните официјални податоци објавени во понеделник.

Бруто домашниот производ (БДП) на Британија падна за 11 отсто во 2020 година, објави Канцеларијата за национална статистика (ONS), што е најголем економски пад од 1709 година, според историските податоци што ги чува Банката на Англија.

Најголем економски пад од Првата светска војна
Така, ONS ја ревидираше надолу својата претходна проценка за економскиот пад во 2020 година за 9,3 отсто, што беше најголем економски пад од Првата светска војна. Новата проценка на ONS покажува дека во 2020 година Британија претрпе најголем пад на БДП од „Големиот мраз“ во 1709 година.

Дури и пред оваа последна ревизија, британскиот економски пад беше најголем во 2020 година во рамките на групата развиени земји Г7, а најновата надолна ревизија го прави поголем од падот на БДП на Шпанија за 10,8 проценти.

Во меѓувреме, британската економија успеа силно да закрепне во 2021 година. Сепак, брзиот раст на инфлацијата и последователно заострување на монетарната политика се закануваат дека економијата повторно ќе влезе во рецесија на крајот на годината.