среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Африка парализирани аеродромите поради штрајкот на контролорите на лет

Во Африка парализирани аеродромите поради штрајкот на контролорите на лет

Штрајкот на контролорите на лет од вчера го парализираа авиосообраќајот во неколку африкански аеродроми.

Контролорите на лет бараат подобри услови за работа и подобар систем за напредување.

Штрајкот, што почна вчера во 10 часот по средноевропско време, е во организација на Унијата на синдикати на контролори на летови и е предвидено да трае 48 часа.

Агенцијата за безбедност на авиосообраќајот во Африка и на Мадагаскар има 18 земји-членки, поголемиот број франкофонски држави.

Авиосообраќајот поради штрајкот е во прекин во Абиџан, Брег на Слонова Коска, во Уагадугу, Буркина Фасо, во Бомако, Мали како и на аеродромите во Камерун.

Во вчерашното соопштение од АСЕЦНА се изразува жалење поради „неслужбениот штрајк“, бидејќи истиот беше забранет од националните судови.  (МИА)