недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во акција на Европол разбиени 25 банди во Европа, уапсени околу 700 луѓе

Во акција на Европол разбиени 25 банди во Европа, уапсени околу 700 луѓе

Во акција на Европол низ Европа уапсени се 667 луѓе, разбиени се 25 криминални организации и запленети се дрога и допинг-супстанции вредни 73 милиони евра.

Европол ја координираше операцијата „Штит“ во обид да се запре производството на фалсификувани пари, лекови и допинг-супстанции, се вели во соопштението.

Во операцијата учествуваа полициски единици од Финска, Франција, Грција и Италија, во соработка со уште 27 други земји од Европа.

Акцијата траеше меѓу март и септември годинава, беа разбиени 25 банди и беа уапсени близу 700 лица и запленета е поголема количина лекови за рак, болка, вируси и други болести.