Денеска се урна дел од силос во пристаништето Бејрут, а на тоа подрачје може да се забележи голем облак од прашина и чад, изјави очевидец.
На почетокот на месецот избувна пожар во остатоците од силосите за жито на пристаништето по што во текот на ноќта бил видлив портокалов сјај од околните населби, јавија светските агенции.
Повеќе од 215 луѓе загинаа во силна експлозија на амониум нитрат во пристаништето Бејрут на 4 август 2020 година.