Најмалку 58 мигранти се удавиле откако брод што превезувал околу 150 мигранти од Гамбија потонал крај брегот на Мавританија, соопшти денеска Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ).
Властите на Мавританија соопштија дека 58 мигранти загинале, а преживеани рекоа дека бродот ја напуштил Гамбија минатата среда.
Преживеаните исто така рекоа дека имало жени и деца во бродот, како и дека 83 лица успеале да допливаат до брегот.