петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во близина на Мадагаскар потона товарен брод со илегални мигранти

Во близина на Мадагаскар потона товарен брод со илегални мигранти

Товарен брод со 130 илегални патници потона крај североисточниот брег на Мадагаскар, при што загинаа 17 лица, а 68 се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти.

Бродот „Франциа“ рано утринава го напуштил пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север, а најмалку 45 луѓе биле спасени од Индискиот Океан, се вели во соопштението на Агенцијата за поморска и речна навигација.

Бродот е регистриран како товарен брод, не за превоз на патници, а Антанамбе не е официјално пристаниште, изјави Жан Едмонд Рандријантенен, генерален директор на Агенцијата за поморска и речна навигација и оцени дека бродот очигледно потонал поради дупка во трупот низ кој влегувала вода. ј