четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Британија носењето маски ќе биде личен избор

Во Британија носењето маски ќе биде личен избор

Велика Британија наскоро ќе влезе во период без законски ограничувања во кој јавноста ќе донесува одлуки засновани на „лична одговорност“, вклучувајќи ја и одлуката за носење маска за лице, рече Роберт Џенрик, британски министер за домување.

Џенрик за Би-Би-Си изјави дека граѓаните „ќе имаат различни мислења околу носењето маски“, но верува дека тие ќе знаат да донесат добри одлуки. Тој лично рече дека ќе избере да не носи маска.

Властите очекуваат дека во Англија на 19 јули ќе бидат укинати сите ограничувања воведени за борба против ширењето на Ковид-19.

„Се чини дека тоа ќе се случи, благодарение на успешната програма за вакцинација. Сега имаме можност да ги укинеме мерките и да се вратиме што е можно понормално“, рече министерот, додавајќи дека по ублажувањето на ограничувањата, сепак, може да има зголемување на бројот на заразени.

„Но, сега можеме да преминеме во друг период во кој ќе научиме да живееме со вирусот, да преземаме мерки на претпазливост и како поединци да преземаме лична одговорност “, истакна Џенрик.

Во Велика Британија во саботата се пријавени 24.885 нови случаи на Ковид-19 и 18 смртни случаи.

Британската медицинска асоцијација (БМА) предупреди дека бројот на заразени лица примени во болници во Англија се зголемил за 55 отсто за една недела. (МИА)