Во Црно Море во близина на границата со Бугарија е откриена мина, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана.
– Утрово беше откриена мина во близина брегот на Игнеада и веднаш е испратен тим за деминирање. Мината е ставена под контрола и почна операција за нејзино неутрализирање, објави турското Министерство за одбрана.