понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Доха потпишан мировен договор помеѓу преодните власти на Чад и бунтовничките групи

Во Доха потпишан мировен договор помеѓу преодните власти на Чад и бунтовничките групи

Во Доха денеска беше потпишан мировен договор помеѓу преодните власти на Чад и бунтовничките групи, пред широкиот дијалог за национално помирување што ќе се одржи на 20 август.

На церемонијата на потпишување на договорот, во кој страните се согласија да учествуваат во национален инклузивен дијалог, присуствуваа претставници на повеќе од 30 бунтовнички групи.

Церемонијата е организирана по неколкумесечни преговори во главниот град на Катар.

Махамат Зене Шериф, министер за надворешни работи на привремената воена влада, изјави дека верува оти договорот ќе доведе до одржлив мир во Чад и дека 1.500 делегати ќе присуствуваат на националниот дијалог закажан за 20 август. (МИА)