Египетскиот суд денеска осуди седум лица на смртна казна поради убиство на полицајци во Каиро во 2016 година, јави германската новинска агенција ДПА.
Судот исто така осуди и тројца соученици на 15 години затвор, додека 15 други лица кои учествувале во нападот осудени се на 10 години затвор, а седум други лица се ослободени од обвиненијата.
Тие се осудени за напад врз полициско возило, при што загинаа еден полициски офицер и седум полицајци.
Обвинетите се товарат и за членство во терористичка група, поседување на оружје и експлозив и за напади врз полицијата. Тие имаат право на жалба на пресудата. (МИА)