недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во експлозија на автомобил загинаа двајца претставници на локалната влада во Днипро

Во експлозија на автомобил загинаа двајца претставници на локалната влада во Днипро

Портпаролка на служба во регионалната влада во четвртиот по големина украински град Днипро и нејзин придружник денеска загинаа во експлозија на автомобил, јави ДПА.

Државната служба за вонредни состојби во регионот Днепропетровск денеска соопшти дека една од жртвите е нејзината 35-годишна прес-секретарка Дарија Хречишчева.

Според медиумите, втората жртва е експерт за деактивирање нагазни мини.

Причината за експлозијата првично е нејасна, иако украинската разузнавачка агенција, СБУ, и полицијата отворија истраги за тероризам, додава германската агенција. (МИА)