Берлин, 1 јуни 2022 (МИА) – Милиони Германци ќе можат да ги искористат предностите на исклучителните намалувања на трошоците за јавниот превоз во наредните месеци, усвоени од федералната Влада за да ги убедат луѓето да ги променат навиките за патување во услови на високи цени на горивото, јави германската новинска агенција ДПА.
Од денеска секој може да купи месечен билет за патување со регионални возови и автобуси по цена од 9,66 евра. Билетите ќе бидат во употреба во јули и во август.
Истовремено, германските власти ги намалуваат акцизите за гориво на најниско ниво дозволено во ЕУ до крајот на август, во обид барем малку да ги олеснат потрошувачите во текот на летната сезона. Мерката се очекува да ја намали цената на бензинот за 35 центи по литар, а на дизелот за 17 центи.