Во полициска акција против десничарскиот екстремизам, спроведена денеска во шест германски покраини, уапсени се 12 лица осомничени за припадност на терористичка група.
– Полициска претрес е извршен на 13 локации, а претресот започнал од пет лица претходно познати на властите, соопштија од Обвинителството во Карлсруе.
Терористичката организација планирала напади врз полицијата и припадниците на малцинствата.
Според германското сојузно обвинителство наводно петтемина формирале организација во септември 2019 година со цел да се наруши поредокот во Германија, а за постигнување на својата цел планирале напади врз политичари, баратели на азил и муслиманите, за да предизвикаат воена состојба.
Уште осум лица се под сомнение дека финансиски ја помагале групата, набавувале оружје и планирале да учествуваат во идните напади.