сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Грузија извршена рација во лажни „кол центри“

Во Грузија извршена рација во лажни „кол центри“

Грузиските обвинители денеска објавија дека извршиле рација во центри за повици (кол центри), како дел од големата меѓународна истрага против криминална банда, која измамила милиони евра граѓани на Европска Унија.

-Операцијата со големи размери покажа дека покренати се истраги во исто време во земјите кои не се членки на ЕУ, Албанија, Грузија и Северна Македонија, изјавија обвинителите на прес-конференција на која присуствуваа и претставници на Германија, клучен играч во истрагата.

Во соопштението на Грузиското обвинителство се наведува дека транснационалната банда „поставила центри за повици во Грузија и други земји кои ги измамиле државјаните на ЕУ за милиони евра“.

Лажните трговци им пристапувале на жртвите по телефон, ветувајќи високи повратни средства од инвестициите во криптовалути, стоки и странски валути. Парите добиени од измамените граѓани биле упалјќани на банкарски сметки на стотици фиктивни компании.

Во соопштението, во кое не е наведено кога биле извршени рациите, се посочува дека истрага е покрената во  седум земји, меѓу кои  Грузија и Германија, а била координирана од Агенцијата на ЕУ за судска соработка  (Eurojust).

Во Грузија, операцијата беше спроведена заедно со германските агенции за спроведување на законот на десетици локации, при што бил извршен претрес во пет центри за повици и кај десетици лица, при што се запленети стотици електронски уреди, документи и големи суми пари, а уапсено е едно лице.  (МИА)