Во Грузија најверојатно ќе биде одржан втор круг од изборите за претседател на државата, бидејќи првите официјални резултати покажуваат дека ниту еден кандидат на изборите одржани вчера не добил доволно гласови за да обезбеди победа во првиот круг.
Врз основа на 28 отсто избирачки места, кандидатката на владејачката партија Саломе Зурабишвили освои 43,2 отсто од гласовите, додека нејзиниот ривал од опозицијата, Григол Вашадзе доби 34,7 отстои власови, соопшти Централната изборна комисија.
– Сега очигледно е дека ќе има и втор круг во кој ќе одат Зурабишвили и Вашадзе, изјави Иракли Кобахидзе, извршен секретар на владејачката партија.
Вториот круг од гласањето ќе се одржи најдоцна до 1 декември.
Граѓаните на Грузија гласаа на претседателски избори на кои последен пат директно избираат шеф на државата. Во иднина претседателот ќе го избира Изборен комитет од 300 пратеници и регионални функционери. Анкетите пред изборите упатуваа дека најверојатно никој од 25 кандидати нема да добие апсолутно мнозинство во првиот круг. (МИА)