четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Хонг Конг дисквалификувани 12 кандидати на опозицијата

Во Хонг Конг дисквалификувани 12 кандидати на опозицијата

Владата на Хонг Конг денеска соопшти дека 12 кандидати на опозицијата за претстојните избори за места во градскиот законодавен совет се дисквалификувани и оти уште голем број на други луѓе би можеле да се соочат со слична одлука во иднина.

Владата соопшти дека заговарањето на самоопределување, барање интервенција на странски влади или во принцип изразување приговор на новиот закон за национална безбедност се однесувања кои не би можеле искрено да го поддржат мини-уставот на градот.

Меѓутоа, не станува збор за никаква политичка цензура, ограничувања на слободата на говор или лишување од правото за кандидирање на изборите, како што тврдат некои членови на заедницата, се вели во соопштението на Владата. (MИА)