Продемократскиот активист и медиумски тајкун Џими Лај денеска е обвинет по новиот Закон за национална безбедност воведен од Кина, за поттикнување на немири во Хонг Конг.
Во обвинението се наведува дека Лај се здружил со странските служби, со цел да се загрози националната безбедност.
Тој е најпознатото лице обвинето според новиот Закон, што стапи во сила во јуни. Лај е во затвор уште од август и му беше одбиена кауцијата. Покрај Лај обвинети се уште двајца негови соработници дека ја злоупотребиле канцеларијата на компанијата.
Во меѓувреме, полицијата на Хонг Конг соопштри деја уапсила 73-годишен маж според новиот национален Закон за безбедност.