четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Хонг Конг затворен последниот опозициски медиум

Во Хонг Конг затворен последниот опозициски медиум

Повеќе од 200 припадници на полицијата во Хонг Конг денеска упаднаа во канцелариите на онлајн опозицискиот медиум Стенд Њуз (Stand News) и уапсија шест лица, меѓу кои и уредништвото и управата под сомнение дека објавиле „бунтовничка содржина“.

Локалната полиција во соопштение информира дека постапила по наредба со која се овластува да „пребараат и одземат релевантни новинарски материјали“.

Во акцијата биле ангажирани повеќе од 200 полицајци во униформа и цивилна облека, се додава во соопштението.

Стенд Њуз е основана во 2014 година како непрофитна организација и е најистакнатиот и единствениот преостанат опозициски медиум во Хонг Конг, откако култниот таблоид Епл Дејли (Apple Daily) беше затворен за време на истрагата за националната безбедност на почетокот на годинава, а сопственикот Џими Лаи беше затворен.