вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Ирак предвреме гласаат војници, затвореници и раселени лица

Во Ирак предвреме гласаат војници, затвореници и раселени лица

Војници, затвореници и раселени лица денеска предвреме гласаат за парламентарните избори во Ирак, кои ќе се одржат в недела.

Многу Ирачани изјавија дека нема да гласаат, бидејќи веруваат дека етаблираните партии нема да им донесат подобар живот.

Се очекува партиите со мнозинство шиити да останат на власт, како што беше случај по соборувањето на сунитската влада на Садам Хусеин во 2003 година.

Корупцијата и лошото управување оставија многу луѓе во земјата со околу 40 милиони луѓе без работа, а им недостасува и здравствена заштита, образование и електрична енергија.

Меѓу оние кои предвреме гласаат се над милион луѓе кои се уште се раселени, од кои некои посочуваат дека или не можат или не сакаат да гласаат.

Повеќето од нив живеат во мнозинскиот сунитски северен дел од земјата.