недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Ирска уапсен маж поради смртта на 39 Виетнамци

Во Ирска уапсен маж поради смртта на 39 Виетнамци

Во Ирска вчера е уапсен 40-годишен маж под сомневање дека е поврзан со смртта на 39 виетнамски мигранти, чии тела во октомври минатата година беа пронајдени во камион во Есекс.

Уапсениот Ронан Хјуз од Северна Ирска е обвинет по 39 точки за убиство, како и за кршење на законите за имиграција.

Претходно, возачот на камионот од Северна Ирска, Морис Робионсон призна вина по 39 точки за убиство на мигрантите.