Турција ќе биде домаќин на средбата помеѓу руска и украинска делегација, како и дипломати од Обединетите Нации, на која ќе се разговара за продолжување на прекинатите испораки на жито преку Црното Море.
– Воени делегации од министерствата за одбрана на Турција, на Русија, на Украина, како и делегација на ОН утре во Истанбул ќе разговараат за безбеден транспорт до меѓународните пазари на житото, што чека во украинските пристаништа, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Украина е еден од најголемите извозници на пченица и на други житни култури во светот.
Турски официјални лица тврдат дека во Црното Море чекаат 20 трговски бродови, што може бргу да се натоварат со украинско жито.
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Пјотр Иличов ја потврди информацијата, нагласувајќи оти Москва има услови.
– Нашите разбрани услови вклучуваат можност за контрола и претрес на брод, за да се избегне шверц на оружје, како и заложбата на Киев да не организира провокации, додаде Иличов. (МИА)