петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во израелскиот напад во јужен Либан загина снимател, неколкумина новинари се ранети

Во израелскиот напад во јужен Либан загина снимател, неколкумина новинари се ранети

Израелскиот артилериски напад во јужен Либан погоди група новинари од неколку медиуми кои беа јасно означени како „press“, при што загина снимател на Ројтерс, а шест новинари се повредени, пренесуваат американските медиуми.

Некои од нив биле итно пренесени во болниците со амбулантни возила.

Гранатирањето се случи за време на размена на оган долж границата меѓу Либан и Израел меѓу израелските трупи и членовите на либанската милитантна група Хезболах.

Новинари од целиот свет доаѓаат во Либан поради загриженост дека би можело да избие војна меѓу Хезболах и Израел.