петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра

Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра

Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат.

Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година.

Во истиот период ЕУ забележа суфицит од 24,6 милијарди евра.  (МИА)