Здравствените власти во Њујорк вчера објавиле дека во канализација е пронајден вирус на детска парализа.
Потврдени биле примероци од отпадните води дека во нив се наоѓа овој вирус.
Државното Министерство за здравство во соопштението навело дека откривањето на вирусот повлекува итност за вакцинација на сите возрасни лица и деца во Њујорк, особено во поширокото градско подрачје, пренесува Тајмс.
Соопштението е издадено три недели откако кај еден човек е дијагностициран случај на детска парализа, а кој останал неподвижен.
Официјалните лица велат дека детската парализа во отпадните води ја има од мај месец.
The NYC Health Department and @HealthNYGov have identified poliovirus in sewage in NYC, suggesting local transmission of the virus. Polio can lead to paralysis and even death. We urge unvaccinated New Yorkers to get vaccinated now: https://t.co/ELJCZi1WOL pic.twitter.com/TTmjZWhwtd
— nychealthy (@nycHealthy) August 12, 2022