четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Кенија штрајк на лекарите вработени во државните болници

Во Кенија штрајк на лекарите вработени во државните болници

Лекарите вработени во кениските државни болници денеска стапија во штрајк, критикувајќи ја Владата дека ги ризикува нивните животи принудувајќи ги да лекуваат пациенти со Ковид-19 без соодветна заштита.

Кениската унија на лекари, фармацевти и стоматолози, која има 7.000 членови низ целата земја, ја објави својата одлука доцна синоќа на Твитер.

Тие велат дека Владата не одговорила на поплаките што синдикатот ги иницира од март кога земјата го пријави првиот случај на коронавирусот.

– Се работи за безбедноста и благосостојбата на лекарите, изјави генералниот секретар на синдикатот Чибанзи Мвачонда.

Тој рече дека борбата на земјата против коронавирусот ќе биде во голема мера попречена од заминувањето на лекарите, но исто така посочи дека тие немаат друг избор. Синдикатот на лекарите им се приклучи на медицинските сестри и службениците кои работат во државните болници, а нив ги користат повеќето луѓе во земјата, кои штрајкуваат веќе две недели. (МИА)