Ксиан денеска пријави 49 нови случаи на заразени со коронавирус, а од почетокот на месецот бројот на новозаболени е зголемен на 250
Централната дисциплинска комисија на Кина казни 26 претставници на кинеската Комунистичка партија затоа што не сториле доволно за да се спречи ново избивање на епидемија на коронавирус во северниот град Ксиан.
Официјалните лица добија опомена за „недостиг на строгост во превенцијата и контролата на епидемијата“, се вели во соопштението на Комисијата.
Ксиан денеска пријави 49 нови случаи на заразени со коронавирус, а од почетокот на месецот бројот на новозаболени е зголемен на 250.
Властите наредија затворање на градот со 13 милиони жители во средата, еден месец пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.