вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Конгресот почна сослушувањето за упадот на Капитолот на 6 јануари

Во Конгресот почна сослушувањето за упадот на Капитолот на 6 јануари

Избраната конгресна Комисија за упадот во американскиот Капитол на 6 јануари ги почна првите сослушувања. За денеска закажани се сведочења на четворица полицајци, двајца од полицијата на Капитолот, двајца од полицијата на дистриктот Колумбија.

Сите четворица службени лица биле во служба на 6 јануари и моментално сведочат за физичките и вербалните напади што ги доживеале тој ден. Во наредните денови се очекува да се обелоденат досега неемитувани снимки од нападот на Капитолот на приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп

Претседателот на комисијата. Бени Томпсон, демократ од Мисисипи, во емотивно воведно излагање зборуваше за загрозената демократија на САД и ги критикуваше оние кои ја негираат значајнастоа на тоа што се случи на 6 јануари.

-Некои луѓе се обидуваат да го порекнат тоа што се случи. Да го исперат. Востанициите да ги направат маченици. Но цел свет виде што се случи на 6 јануари. Бесилки поставени таму на (Националната) алеја. Знамето на овој прв неуспешен и осрамотен бунт против нашиот сојуз, беше парадирано низ Капитолот. Омразата, фанатизмот, насилството, кажа конгресменот Томпсон.

Додаде дека сето тоа било „за лага. За злобна лага. Треба да е јасно… како и зошто големата лага била постепено гноена. Треба да знаеме, како 6 јануари се одвиваше, од минута во минута. Треба да знаеме како трулата лага зад 6 јануари продолжи да се шири и да ги крми силите кои би ја поткопале американската демократија“.

Конгресменката Лиз Чејни, републиканка од Вајоминг, еден од двајцата претставници на Републиканската партија поставени во комисијата од спикарката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, истакна дека панелот мора да ги разгледа дејствијата тој ден на поранешниот претседател Доналд Трамп.

-Не можеме да оставиме насилството од 6 јануари и неговите причини да не бидат истражени. Мора да знаеме што се случило тука во Капитолот. Исто така, мора да знаеме што се случувало секоја минута и секој ден во Белата куќа. Секој телефонски повик, секоја средба кои воделе кон, во текот и после нападот… Чесните мажи и жени мора имаат обврска да истапат. Ако оние одговорните не се повикаат на одговорност, и ако Конгресот не дејствува одговорно, тоа ќе остане како рак на нашата уставна република, рече Чејни.