сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Лисабон вонредни мерки до 14 јули

Во Лисабон вонредни мерки до 14 јули

Од 1 до 14 јули во 19 локални заедници на поширокото подрачје на Лисабон ќе бидат во сила вонредни мерки поради епидемијата со новиот коронавирус, соопшти португалската Влада.

Жителите на одредените делови на Лисабон, меѓу кои и од строгиот центар на градот, ќе можат да излезат од домовите само за да купат неопходни производи и лекови и за да одат и да се вратат од работа.

– Единствен ефикасен начин за ставање на пандемијата под контрола е да се остане дома, а кога тоа не е можно, да се држи физичка дистанца и без исклучок да се применуваат сите хигиенски стандарди, истакна португалскиот Премиер Антонио Коста.