Најмалку околу 200.000 луѓе се собраа денеска во Мадрид против реформата на јавниот здравствен систем во регионот на главниот град на Шпанија.
Демонстрантите дојдоа на собирот под слоганот „Мадрид се собира за да го поддржи системот за јавно здравје, против планот за негово уништување“.
На четири места во Мадрид се собраа голем број луѓе и сите тргнаа одвоено кон зградата на градското собрание.
Регионалните власти проценија дека се собрале најмалку околу 200.000 луѓе.