понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во напад на џихадистите во Буркина Фасо убиени 35 цивили

Во напад на џихадистите во Буркина Фасо убиени 35 цивили

Во напад на џихадистите на северот од Буркина Фасо се убиени 35 цивили, од кои повеќето жени. Во судирот со силите за безбедност се убиени и 80 напаѓачи, соопшти синоќа претседателот на земјата Рок Марк Кристијан Каборе.

-Херојската акција на нашите војници овозможи неутрализација на 80 терористи. Овој варварски напад резултураше со смрта на 35 цивили, од кои повеќето се жени, рече Каборе.

Во судирот во градот Арбинда, во непосредна близина на границата со Мали, погинале и седум припадници на силите за безбедност.

Нападите на џихадистите во ова подрачје се честа појава, јавуваат агенциите.