Најмалку 27 припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени во повеќе напади на талибанците.
Авганистанските власти соопштија дека се нападнати контролни пунктови, воени и полициски бази низ целата земја.
Портпаролот на талибанците Кари Јусуф Ахмади рече дека тие ја преземаат одговорноста за некои од нападите, но не за сите.