Триесет и четири лица загинаа во централна Кенија кога автобусот со кој патувале излетал од мост и паднал во речна долина, објавија денеска локалните медиуми.
Весниците „Дејли нејшн“ и „Стандард“ објавија дека несреќата се случила во неделата вечерта во областа Тарака Нити, кога автобус кој се движел кон пристанишниот град Момбаса излетал од мостот и паднал во долина длабока 40 метри.
Во несреќата загинале 14 жени, 18 мажи и две девојчиња.
„Спасивме 11 лица кои се сместени во болница“, изјави окружниот комесар на Тарака, Нити Ноберт Комора за кениската телевизија НТВ.
Според Комора, како што објави дека „Дејли нејшн“, првичната истрага покажала дека сопирачките на автобусот можеби откажале, поради што возачот не скршнал правилно на остриот свиок.
Националната управа за транспорт и безбедност, регулатор на транспортот во Кенија, им нареди на сите автобуси кои припаѓаат на истата компанија „Модерн Кост“ да ја прекинат работата додека не заврши истрагата за несреќата.
Податоците од Националното биро за статистика покажуваат дека 4.579 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во Кенија во 2021 година, 15 проценти повеќе од претходната година.