петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Њу Делхи повторно ќе бидат отворени училиштата

Во Њу Делхи повторно ќе бидат отворени училиштата

Основните училишта во главниот град на Индија, Њу Делхи во текот на неделата повторно ќе бидат отворени откако денеска нивото на загадување на воздухот од категорија „тешко“ се намали на „многу лошо“.

Индексот на квалитетот на воздухот на речиси сите мерни станици во Њу Делхи денеска беше помеѓу 300 и 400 или во категоријата „многу лошо“.

Централната и државната Влада минатата недела наредија затворање на основните училишта, ги забранија дизел возилата што превезуваат несуштинска стока и ги запреа повеќето градежни активности и активности за уривање во Њу Делхи поради високото ниво на загаденост на воздухот.