Ураганот Ида што денеска ја погоди Куба, во текот на викендот и се заканува на американската сојузна држава Лујзијана, поради што е наредена евакуација на поширокото подрачје на главниот град Њу Орлеанс.
Ида денеска се засили и од ниво на тропска бура премина на ураган и со брзина на ветерот од 128 километри на час помина над западниот дел на Куба и се движи кон Мексикански Залив.
Според американскиот Национален центар за урагани Ида ќе прерасне во ураган од четврта категорија со ветер од 225 километри на час пред да го погоди јужниот дел на САД.
Градоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел нареди евакуација на населението кое живее вон системот на насипи, што го штити градот од поплави.
Додека градоначалниочката на Батон Руж, Шерон Вестон Брум прогласи вонредна состојба во градот.
Гувернерот на Лујзијана, Џон Бел Едвардс уште на 26 август прогласи вонредна состојба, а вчера побара од претседателот Џо Бајден федерално прогласување на итна состојва пред Ида да стигне до американска територија,
Се очекува Ида да ја погоди Лујзијана на ист ден како и ураганот Ктрин пред 16 години, кога беше опустошен поголем дел од брегот, при што загинаа над 1.800 луѓе.