среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Њујорк приведени двајца припадници на кинеска „полициска станица“

Во Њујорк приведени двајца припадници на кинеска „полициска станица“

Американските разузнавачки служби приведоа двајца жители на Њујорк, осомничени дека работеле во кинеска „тајна полициска станица“.

Лиу Џијаванг (61) и Чен Џинпинг (59) се соочуваат со обвиненија дека работеле како тајни агенти на кинеската влада, за тоа не биле известени американските власти, а обвинети се и за попречување на законот. Тие треба да се појават пред федералниот суд во Бруклин.

Овој случај покажува јасно кинеско кршење на нашиот национален суверенитет со создавање тајна полициска станица среде Њујорк, изјави сојузниот обвинител од Бруклин, Бреон Пис.

Според обвинението Луи во 2018 година се обидувал да убеди лице, кое се сметало за бегалец во Кина, да се врати дома. Тој бил малтретиран и добивал закани да се врати во Кина.

Луи и Чен признале дека ја избришале комуникацијата со претставник на кинеската влада откако дознале дека се под истрага.